Премиерот Емил Димитриев најави ново задолжување за справување со штетите од поплавите и нов ребаланс на буџетот. Тој денеска рече дека на секое семејство што беше поплавено во невремето на 6 август ќе му бидат авансно исплатени по околу 30 илјади денари и очекува исплатата на средствата да започне уште денеска.
Како што јави државната агенција МИА, Димитриев рекол дека „се работи за ангажирање на средства коишто сега ни се на располагање, а кои понатаму ќе ги надоместиме со средства од меѓународни институции под многу поволни услови“.
По денешната посета на ТИРЗ Скопје 1, премиерот Димитриев истакна дека Владата ќе му предложи на Собранието на Република Македонија ребаланс на Буџетот со кој ќе се обезбедат две милијарди денари кои што се потребни за обештетување на поплавените семејства. Ребалансот на Буџетот, како што најави премиерот Димитриев, најбрзо што може ќе биде доставен на разгледување во Собранието на Република Македонија