Чедоморството се случило завчера кога А.М.(19), која била во поодмината бременост почнала да крвари по што отишла во тоалетот во куќата. Таму се породила во ВЦ шољата, по што го извадила бебето, го ставила во кофа и го фрлила во реката која се наоѓала зад нејзината куќа.
Наводно нејзините родители не ни знаеле дека е бремена, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во истрагата.
Откако и се влошила здравствената состојба и продолжиле обилните крварења родителите ја однеле на гинеколошкото одделение во општата болница Куманово.
При преглед докторот утврдил дека девојката се породила во последНите 24 часа. Случајот бил пријавен во Кумановската полиција при што бебето било пронајдено во реката.
Од Основното јавно обвнителство нареден е гинеколошки преглед на девојката, а телото на бебето е предадено на обдукција. Девојката предходно не била на лекар и не ја контролирала бременоста.
Како што неофицијално дознаваме, се работи за женско бебе тешко 2,5 килограми, кое било живо родено. Имало повреда на главата најверојатно од ударот во реката.