Победник на јубилејното 30-то издание на Охридскиот пливачки маратон е Томи Стефановски.
Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 30 километри ја исплива за 5 часа, 55 минути и 18 секунди.
На второ место се пласираше Италијанецот Едоардо Стокино, а трет е Евангелиста Матеус од Бразил.
Минатогодишниот победник Евгениј Поп Ацев беше израмнет со Стефановски, но на 200 метри до целта ја промаши патеката, па мораше да се врати, по што го загуби и второто место. Поради техничката грешка тој заврши на деветто место.
Томи Стефановски има 43 години и по оваа победа најави дека ќе се повлече. Тој изјави дека му е многу жал за конкурентот Евгениј Поп Ацев дека е вистинска несреќа да ти се случи таков пех. „Се надевам дека ќе собере сили да го надмине лошиот момент“, изјави победникот на Охридскиот маратон.