ЈАПОНКА ПО ВТОРПАТ СЕ ЗАРАЗИЛА СО КОРОНАВИРУС

    ЈАПОНКА ПО ВТОРПАТ СЕ ЗАРАЗИЛА СО КОРОНАВИРУСЈапонката имала позитивен тест 20 дена откако било утврдено дека веќе не е носител на вирусот (Фото: Ројтерс)

    Јапонка во 40-ти години повторно се заразила со коронавирусот откако била отпуштена од болница, објавија официјални лица на регионот Осака, додавајќи дека ова е прв ваков случај во земјата.

    Таа работела како водич на кинески туристи во Осака и првпат имала позитивен тест на 29 јануари, но била пуштена од болница три дена подоцна и на 6 февруари било утврдено дека веќе не е носител на вирусот.

    Како што објавија локалните власти, жената повторно била тестирана во средата откако се пожалила на болки во грлото и градите. Во меѓувреме, не одела на работа и носела маска за лицето.

    Еднаш кога ќе се заразите, вирусот може да се прикрие и симптомите да бидат минимални, но ситуацијата значително се влошува ако тој успее да пронајде пат до белите дробови. Сѐ уште не знаеме доста работи за вирусот. Не знаеме дали е двофазен, како антракс“, изјави Филип Тиерно, професорот по микробиологија и патологија на Медицинскиот факултет во Њујорк.

    Случаи на повторно позитивно тестирање веќе имаше во Кина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира