Потешкотиите со воспоставување на повици се надминати, а во моментов се работи на надминување на проблемот со испраќање на СМС пораки, соопштија од „А1 Македонија“.
Од компанијата велат дека денеска дошло до неочекуван технички проблем во мобилната телефонија, поради што дел од корисниците имале потешкотии при воспоставувањето на повици и испраќање на СМС пораки.