СВЕТОТ ПОВТОРНО СЕ БОРИ СО ПАНДЕМИЈА, 11 ГОДИНИ ПО ГРИПОТ Х1Н1 И 39 ГОДИНИ ПО ХИВ/СИДА

    СВЕТОТ ПОВТОРНО СЕ БОРИ СО ПАНДЕМИЈА, 11 ГОДИНИ ПО ГРИПОТ Х1Н1 И 39 ГОДИНИ ПО ХИВ/СИДАКОВИД-14 досега се појави во 114 држави, а моментално најкритично е во Италија (Фото: АП)

    Изразувајќи загриженост од обемот на ширењето на заразата, Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја прогласи глобалната криза со коронавирсуот за пандемија.

    Прогласувањето пандемија не е поврзано со тежината на болеста или со стапката на смртност, туку според СЗО, нова болест станува пандемска кога забрзано ќе почне да се шири низ светот. Спротивно на епидемија, при која наглиот пораст на бројот на заболени се случува во една држава или заедница, пандемија има далеку поширок карактер и се однесува на вториот бран на зараза.

    КОВИД-19 се појави пред Нова година во Кина и во прв момент оттаму беше пренесен во други земји. Вториот бран на заразата почна со неговото ширење меѓу луѓето кои не биле во Кина, ниту, пак, имале контакт со некој кој бил таму.

    СЗО долго време одбиваше да прогласи пандемија.

    „Пандемија не е збор што треба да се користи лесно и невнимателно. Ако погрешно се користи, тој збор може да предизвика неразумен страв и некои би можеле неоправдано да помислат дека битката е загубена“, вели шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус.

    Во поново време, пандемија беше прогласена уште два пати: грипот Х1Н1 во 2009 и ХИВ/сида во 1981 година. Пандемијата на шпански грип во 1918 година опфатила 500 милиони луѓе, при што починале меѓу 17 и 50 милиони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира