Привременото тело за следење на изборите не успеа да избере петти член. Агенцијата за аудио и аудиовизулени услуги попладнево соопшти дека четворицата членови предложени од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ не успеале да постигнат консенсуз за петтиот член кој треба да е Албанец.
Според договорот од Пржино рокот за комплетирање на ад хок телото истекува вечерва во 24 часот.
Дознаваме дека од предложените кандидати во најтесен круг влегле Даут Даути и Сефер Тахири, но за ниту еден од нив четворицата други колеги не успеле да се договорат.
Членови на ад хок телото се новинарите Горан Трпеноски, Слаѓана Димишкова, Љубомир Костовски и Цветин Чилиманов.