Сопругата на шпанскиот премиер Педро Санчес имаше позитивен тест на коронавирус, потврди владата само неколку часа откако беше најавено дека земјата ќе биде ставена во 15-дневен карантин.
И Бегоња Гомес и нејзиниот сопруг се во добра состојба и се наоѓаат во нивната официјална резиденција во Мадрид, каде што ги следат сите препораки на здравствените власти, се вели во соопштението на владата.
Претходно, и за сопругата на канадскиот премиер Џастин Трудо беше потврдено дека има коронавирус.
Коронавирусот ја погоди и шпанската влада, во која се заразени министрите за еднаквост и за регионални работи. Откако кон крајот на јануари беше пријавен прв случај, во Шпанија досега има 5,753 заразени со КОВИД-19.