ПОЛИЦИЈАТА ВО МОМЕНТОВ ЧУВА 310 ГРАЃАНИ КОИ СЕ ВО ИЗОЛАЦИЈА, КАЖА ЧУЛЕВ

    ПОЛИЦИЈАТА ВО МОМЕНТОВ ЧУВА 310 ГРАЃАНИ КОИ СЕ ВО ИЗОЛАЦИЈА, КАЖА ЧУЛЕВЕдно лице од Тетово и едно од Струмица се оддалечиле од изолација без лекарска дозвола, за што ќе одговараат пред обвинител, соопшти министерот за внатрешни работи Наќе Чулев

    Полицијата во моментов обезбедува 310 граѓани кои се во изолација поради тоа што биле во контакт или во близина со луѓе болни од корона, кажа на прес-конференција пред МВР министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

    Освен Дебар и Жупа, кои се целосно под изолација, СВР Скопје моментално обезбедува 173 лица под изолација, СВР Битола 13, Тетово 16, каде што е констатирано едно прекршување на мерката изолација и за кое постапува ОЈО Тетово.

    Натаму, СВР Охрид чува 82, Струмица 12 под мерка здравствен надзор. Едно лице од Струмица излегло од изолација своеволно, крим-полицијата го собрала и ќе му поднесе пријава.

    Во Куманово полицијата чува 6, во Штип 8 лица под изолација.

    Чулев кажа дека според владината одлука, Скопскиот аеродром треба да се затвори за сообраќај во текот на утрешниот ден, среда.

    МВР силно апелира до граѓаните да се воздржат од патување надвор од државата, а и да го ограничат собирањето во групи во текот на работниот ден.

    МВР отвори бесплатна линија за сите активности на МВР: 080000201, која ќе работи секој ден 24/7.

    На 15 март, рече Чулев, МВР евакуирало 90 заглавени наши граѓани по аеродроми во Европа. Полицијата ги обезбедува и лекарите, дотурот на пари во банки и терминали.

    Специјалните сили спречиле 14 обиди за напуштање на Дебар и Жупа без лекарска дозвола.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира