ФЕСТИВАЛОТ „БРАЌА МАНАКИ“ БЕЗ ГАЈЛЕ ОД ПРИТВОРОТ НА ТАЛЕСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ФЕСТИВАЛОТ „БРАЌА МАНАКИ“ БЕЗ ГАЈЛЕ ОД ПРИТВОРОТ НА ТАЛЕСКИ

    Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“денес ја објави програмата за 37. издание што ќе почне на 10 септември со македонската премиера на „Ослободувањето на Скопје“ на Раде Шербеџија, а директорите велат дека немаат проблеми во работата поради тоа што битолскиот градоначалник Владимир Талески трет месец е во куќен притвoр поради сомнежи за малверзации со тендерите за превоз на ученици. Директорот Благоја Куновски-Доре , на новинарското прашање дали имаат опструкции или какви било последици од Општина Битола поради притворот на Талески, рече дека не би сакал да е во кожата на градоначалникот.

    „Сакам да се надоврзам на симболиката на ова непријатно прашање. Не би сакал никој човек да е во таква ситуација, со сиот респект, јас сум деклариран аполитичар, непоправлив човек на тој план. Ги респектирам сите политички определби. Кога аплицирав за директор, јас кажав дека мене партии не ми требаат, моја партија е филмската уметност“.

    Евгенија Теодосиевска, селектор и уметнички директор на фестивалот, додаде дека воопшто не почувствувале дали Талески е во притвор бидејќи цело време комуницирале со вработени во Општината. Сепак, Куновски се пожали дека фестивалот годинава остана со скусен буџет, оти големите и традиционални спонзори се откажаа од поддршката. Куновски рече дека годинава „Манаки“ ќе распогала со само 200.000 евра или, за споредба, само со 10 проценти од буџетот на саревскиот филмски фестивал.

    Евгенија Бекташ од секторот за култура во Општина Битола, најави дека и годинава Општина Битола ќе го поддржи фестивалот со хотелското сместување.

    „Поддршката на Општина Битола е помеѓу 5 и 6 милиони денари и таа се состои во хотелското сместување, кое се прави заедно со јавните претпријатија во градот. Плус 150.000 денари за печатен материјал и 250.000 денари кои ќе одат на сметка на Друштвото на филмски работници“, рече Бекташ.

    Фестивалот што ќе трае до 17 септември ќе затвори со „Златната петорка“, дебито на македонскиот режисер Горан Тренчовски, жирито ќе го води американскиот кинематографер и режисер Федон Папамихаил, кој е и годинашен добитник на Специјалната Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност, а награди за животно дело ќе добијат Роби Милер и Џон Сил. Друштвото на филмски професионалци на Македонија (ДФРМ), наградата Голема ѕвезда за исклучителен придонес за македонската кинематографија ќе му ја додели на реномираниот британски продуцент Сајмон Пери, кој во 1994 го продуцираше најуспешниот македонски филм “Пред дождот“ на Милчо Манчевски. Во конкуренција за Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300 се 14 филмови, а во десет различни филмски програми ќе играат вкупно 150 филмови од 50 земји во светот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира