НОВИ 627 МРТВИ ОД КОВИД-19 ВО ИТАЛИЈА, ЗА 30 ДЕНА ПОЧИНАЛЕ 4.032 ЛУЃЕ

    НОВИ 627 МРТВИ ОД КОВИД-19 ВО ИТАЛИЈА, ЗА 30 ДЕНА ПОЧИНАЛЕ 4.032 ЛУЃЕПред точно еден месец, во Италија беше регистриран првиот пациент со коронавирус (Фото: Анса)

    Италија го бележи најсмртоносниот ден досега откако во последните 24 часа починаа дури 627 луѓе од коронавирусот. Ова е убедливо најголемата бројка за еден ден досега откако досегашниот рекорд беше 475 починати во средата.

    Италија само за четири недели ја надмина бројката од 4.000 починати и таа сега изнесува 4.032.

    Специјалниот комесар Анџело Борели извести дека во земјата има 5.986 новозаразени, а од почетокот на кризата вкупниот број е 47.021.

    Пред точно еден месец, во Италија беше регистриран првиот пациент со коронавирус.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира