МЕТЕОРОЛОШКИ ЗАВОД НАПЛАЌА И ПО 31.200 ДЕНАРИ ЗА СТАРИТЕ ВРЕМЕНСКИ ПРОГНОЗИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МЕТЕОРОЛОШКИ ЗАВОД НАПЛАЌА И ПО 31.200 ДЕНАРИ ЗА СТАРИТЕ ВРЕМЕНСКИ ПРОГНОЗИ

    Поплавата од 6 август во која загинаа 22 луѓе, на виделина го исфрли и тарифникот на Управата за хидрометеорологија (УХМР). Малкумина беа свесни дека Управата наплаќа ако некој побара информации за старите временски прогнози.

    „Сѐ што е објавено на нашата страница е бесплатно, но она што треба дополнително да се проверува се наплаќа по тарифник усвоен од Собранието на Република Македонија, во 2009 година“, велат од Управата за хидрометеорологија.

    Во архивата на Упрвата има податоци за хидролошката состојба, која беше посебно актуелна по поплавата. Најскапата услуга што ја нуди управата, според тарифникот е хидролошка анализа. За изготвување годишен преглед на хидролошки параметри за низа од 10 години треба да се плати 31.200 денари. За издавање на останатите хидролошки податоци како, што се годишен преглед на дневни водостои на реките и езерата за една година, годишен преглед за ниво на подземни води и слично, се плаќа по 3.120 денари. Ако вработениот во Управата треба да побара податоци од измерените метеоролошки, климатолошки и агрометеоролошки елементи или параметри од постојната архива на податоци, за тоа ќе наплати од 320 денари до 28.800 денари, во зависност од тоа што се бара.

    Управата наплаќа со објаснување дека тоа се реално направени трошоци за вршење услуги за давање хидрометеоролошки податоци и продукти од архивата на УХМР. Тарифникот за услугите е објавен во Службен весник од 6 март 2009 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира