САД ПРВА ЗЕМЈА СО 100.000 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ, ПУТИН ПРОГЛАСИ НЕРАБОТНА НЕДЕЛА ВО РУСИЈА

    САД ПРВА ЗЕМЈА СО 100.000 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ, ПУТИН ПРОГЛАСИ НЕРАБОТНА НЕДЕЛА ВО РУСИЈАРуските власти велат дека во земјата нема епидемија, но им препорачаа на луѓето да седат дома (Фото: АП)

    САД станаа прва држава која стигна до бројката од 100.000 заразени со коронавирусот, додека на светско ниво сега ги има повеќе од 600.000.

    Доналд Трамп вчера го потпиша законот за помош на американската економија со 2.200 милијарди долари, пари наменети за малите бизниси, работниците и за здравствениот систем.

    „Ова ќе го донесе итното неопходно олеснување“, изјави Трамп и им се заблагодари на двете партии што ја ставиле Америка на прво место.

    За тоа време, бројот на заразени во САД се зголеми на 104.000, додека починале речиси 1.700 луѓе. И Италија вчера ја надмина Кина во бројот на заразени.

    Русија го започнува она што Владимир Путин го нарече „неработна недела“, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Владата им препорача на луѓето да седат дома, но новите рестрикции би можеле да бидат продолжени и после 5 април, во зависност од ситуацијата.

    Во Русија има повеќе од 1.000 заразени, најмногу во Москва и портпаролот на Кремљ изјави дека не станува збор за епидемија.

    „Не го сфаќајте ова како дополнителна недела одмор. Ова е за да седите дома“, предупредија официјални лица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира