РОКОВИТЕ ЗА ЗАСТАРУВАЊЕ, ТУЖБИ, ПРИГОВОРИ И ЖАЛБИ ВО СУДСКИТЕ ПОСТАПКИ ПРЕСТАНУВААТ ДА ТЕЧАТ ВО ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, ОДЕЊЕ ВО ЗАТВОР ДО ТРИ ГОДИНИ ОД 1 СЕПТЕМВРИ

    РОКОВИТЕ ЗА ЗАСТАРУВАЊЕ, ТУЖБИ, ПРИГОВОРИ И ЖАЛБИ ВО СУДСКИТЕ ПОСТАПКИ ПРЕСТАНУВААТ ДА ТЕЧАТ ВО ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, ОДЕЊЕ ВО ЗАТВОР ДО ТРИ ГОДИНИ ОД 1 СЕПТЕМВРИНа судиите-поротници на кои мандатот им истекува за време на траење на вонредната состојба, по сила на оваа уредба, мандатот им се продолжува сè до завршување на постапката по судскиот предмет. - Судница во Кривичниот суд во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Владата усвои уредба со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба за постапувањето на судовите и јавните обвинителства, според која дел од нив престануваат да течат сè до завршување на вонредната состојба.

    „Законските и преклузивните рокови за поднесување на тужба во парнична постапка, приватна тужба во кривична постапка, предлог за кривично гонење, предлог за поведување на вонпарнична постапка, поднесување на барање за присилно извршување, постапка за обезбедување на побарувањата, тужба за поведување управен спор, иницирање на постапка пред Уставен суд или иницирање и поведување на друга судска постапка, престануваат да течат во моментот на стапување во сила на оваа Уредба се до престанување на вонредната состојба. Законските и преклузивните рокови за изјавување на правни лекови, правни средства или за преземање процесни дејствија во постапките престануваат да течат за време на вонредната состојба“, се вели во владиното соопштение за уредбата

    Во кривичните и прекршочните постапки, според уредбата, роковите за изјавување на жалба или приговор на одлуките со кои постапката завршува, како и за изјавување на вонредните правни лекови, престануваат да течат за време на вонредната состојба.

    Со истата уредба, издавањето на упатните акти за изречена казна затвор до три години се одложува до 1 септември 2020 година, освен за предмети каде што постои опасност за застарување на извршување на казната, а на судиите-поротници на кои мандатот им истекува за време на траење на вонредната состојба, по сила на оваа уредба, мандатот им се продолжува сè до завршување на постапката по судскиот предмет.

    „Роковите за застарување за кривично гонење, поведување и водење на прекршочна постапка, за извршување на кривичните и прекршочните санкции престануваат да течат течат од денот на стапување во сила на оваа уредба, па се до завршување на вонредната состојба“, напиша министерката за правда Рената Дескока во писмото до правосудниот сектор по повод Денот на правосудството.

    Претходно, Кривичниот суд во Скопје, согласно одлуката на Судскиот совет и Министерството за правда, изготви листа од околу 300 итни и неодложни предмети кои се насрочени во текот на месеците март и април.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира