ХОЛАНДИЈА ЌЕ Ѝ ДОНИРА НА МАКЕДОНИЈА ТЕСТОВИ ЗА КОРОНАВИРУС ЗАСНОВАНИ НА НУКЛЕАРНА ТЕХНОЛОГИЈА

    ХОЛАНДИЈА ЌЕ Ѝ ДОНИРА НА МАКЕДОНИЈА ТЕСТОВИ ЗА КОРОНАВИРУС ЗАСНОВАНИ НА НУКЛЕАРНА ТЕХНОЛОГИЈАСе очекува тестовите да пристигнат во наредните неколку дена; - Инфективната клиника во Скопје.(Фото: СДК.МК)

    Холандија ќе ја помогне Северна Македонија во борбата против коронавирусот преку набавка на тестови што се базираат на нуклеарна технологија и се развиени од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и Светската здравствена организација (СЗО). Се очекува тестовите да пристигнат во наредните неколку дена.

    Тестовите се базираат на технологија позната како реверзно-транскрипциона полимеразна верижна реакција и во моментов, тоа е најсензитивниот метод за детектирање на вирусот. Технологијата користена за овие тестови првично имала намена во ветеринарниот сектор, а потоа била доразвиена и искористена во рамките на справувањето со епидемиите на ЗИКА и ебола.

    „Запирањето на пандемијата на коронавирусот е од општ интерес за човештвото. Треба да работиме заеднички на глобално ниво за да ја ставиме под контрола“, изјави холандскиот министер за надворешни
    работи Стеф Блок.

    Вкупната холандска поддршка за тестовите за коронавирус од МААЕ кои ќе бидат дистрибуирани во Северна Македонија, Украина и Мароко изнесува 500.000 евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира