ЦРВЕН КРСТ ФОРМИРАШЕ МОБИЛНИ ТИМОВИ НИЗ ЦЕЛАТА ЗЕМЈА ЗА ПОМОШ НА ГРАЃАНИТЕ СРЕДЕ КРИЗАТА СО КОВИД-19

    ЦРВЕН КРСТ ФОРМИРАШЕ МОБИЛНИ ТИМОВИ НИЗ ЦЕЛАТА ЗЕМЈА ЗА ПОМОШ НА ГРАЃАНИТЕ СРЕДЕ КРИЗАТА СО КОВИД-19Мобилните тимови секој работен ден ќе доставуваат лекови, прехранбени производи и средства за лична хигиена таму каде што е потребно (Фото: Црвен крст)

    Црвен крст на Република Северна Македонија активираше дополнителни мобилни тимови за поддршка на ранливи категории граѓани и за обезбедување неопходни материјали за Клиниката за инфективни болести во Скопје додека трае кризата со коронавирусот. Финансиските средства за реализација на овие активности се обезбедени од Фондацијата на компанијата „Кока кола“ и „Пивара Скопје“.

    На терен се 37 мобилни тимови, кои се активни секој работен ден, а нивна задача е да набавуваат и доставуваат лекови, прехранбени производи и средства за лична хигиена до домовите на стари, изнемоштени лица кои живеат сами, хронично болни, семејства со лица со посебни потреби, самохрани родители и други ранливи категории граѓани на територијата на целата земја. Целта е тие да не ги напуштаат своите домови, со што ќе се спречи ширењето на коронавирусот.

    Сервисната услуга што ја обезбедуваат мобилните тимови е бесплатна, а граѓаните ги плаќаат само артиклите што им се набавуваат. Помош може да се побара на следните телефонски броеви:

    Ангажирани се и три медицински сестри, кои ќе вршат домашна посета на територијата на Град Скопје.

    Во соработка со Министерството за здравство, набавени се и неопходни материјали за потребите на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира