НАД 1.000 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ШВЕДСКА, МЕДИЦИНСКИ ЕКСПЕРТИ БАРААТ ОД ВЛАДАТА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД МЕКИОТ ПРИСТАП

    НАД 1.000 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ШВЕДСКА, МЕДИЦИНСКИ ЕКСПЕРТИ БАРААТ ОД ВЛАДАТА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД МЕКИОТ ПРИСТАПШведска е една од ретките земји во Европа која не воведе карантин и строги рестриктивни мерки (Фото: ТТ)

    Лекари, виролози и епидемиолози во Шведска го осудија мекиот пристап на владата кон коронавирусот, откако бројката починати во земјата надмина 1.000.

    За разлика од остатокот на Европа, што ги вклучува и соседите Данска и Норвешка, Шведска досега не воведе карантин и строги рестриктивни мерки, туку само издаде препораки и ги повика граѓаните да се однесуваат одговорно. Единствено беа забранети собири со повеќе од 50 луѓе.

    Но, ваквиот пристап сега наидува на критики од медицинските кругови. Шведска денеска има 11.445 случаи на зараза и 1.033 починати од КОВИД-19. Во соседната Финска, која на време ги затвори училиштата и рестораните, има само 64 починати.

    „Некој би помислил дека Шведска има напредна стратегија и дека нашата влада добро се подготвила за епидемијата. Но, пристапот мора да се промени брзо и радикално. Затворете ги училиштата и рестораните како што направи Финска! Убедете го општеството дека секој може да биде заразен“, се вели, меѓу другото, во писмото потпишано од десетици експерти од врвни шведски универзитети, болници и истражувачки центри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира