ВЕРНИЦИТЕ СЕ ПРИЧЕСТУВААТ СО ИСТА ЛАЖИЧКА, ПРЕМИЕРОТ СПАСОВСКИ ВЕЛИ НЕ МОЖЕ ПОВЕЌЕ ОД ДВАЈЦА ОДЕДНАШ

    ВЕРНИЦИТЕ СЕ ПРИЧЕСТУВААТ СО ИСТА ЛАЖИЧКА, ПРЕМИЕРОТ СПАСОВСКИ ВЕЛИ НЕ МОЖЕ ПОВЕЌЕ ОД ДВАЈЦА ОДЕДНАШСАКАМДАКАЖАМ.МК го праша премиерот Спасовски, дали не е опасен начин за ширење на заразата со коронавирус чинот на причесната, со оглед на тоа што: причесна се прави со земање лепче од една иста рака на попот и пиење вино од една иста чаша или една иста лажица? - Причесна во Соборниот храм во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Наспроти владините мерки за превенција и заштита од коронавирусот, како и вчерашното тврдење на премиерот Оливер Спасовски дека е активна забраната за групирање на повеќе од две лица на јавни простори, денеска голем број граѓани дојдоа да се причестат во црквите пред Велигден.

    „Потсетувам дека е активна и забраната за групирање на граѓаните во групи поголеми од две лица, на јавни простори. Ова се активните ограничувања, одлуки и мерки и тие остануваат на сила и за време на велигденските празници. Владата не отстапува ниту педа од одлуките и мерките кои се во интерес за заштитата на јавното здравје и во интерес на здравјето на секој граѓанин. Тие важат за секого“, напиша вчера на Фејсбук Спасовски, откако претходно рече дека Владата не може да затвора верски објекти и да носи одлука за непрактикување на верата, затоа што според него, одењето во верски објекти било неприкосновено право.

    До вчера, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 974 лица од кои 831 активен, 98 излечени, а 45 починати; – Причесна во Соборниот храм во Скопје (Фото: СДК.МК)

    До вчера, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 974 лица од кои 831 активен, 98 излечени, а 45 починати.

    САКАМДАКАЖАМ.МК го праша премиерот Спасовски, дали не е опасен начин за ширење на заразата со коронавирус чинот на причесната, со оглед на тоа што: причесна се прави со земање лепче од една иста рака на попот и пиење вино од една иста чаша или една иста лажица? На крај, попот го испива тоа што останало откако мацкал со лажицата после секој верник. Одговор не добивме.

    Истото прашање за одговорност за загрозување на јавното здравје со тоа што не се затвараат црквите заради заштита од коронавирус го поставивме и до Комисијата за заразни болести и до претседателот Стево Пендаровски, кој за денеска напладне закажа седница на Советот за безбедност заради продолжување на вонредната состојба. Одговор не добивме ниту од обете институции.

    Владиката Тимотеј вчера за ТВ Телма изјави дека свештениците не можат да му забранат некому што ќе посака да се причести, лажичката ќе биде иста за сите без разлика што така може да се шири коронавирусот, а тврди и дека иконите ќе се дезинфицираат оти традиција е и тие да се бакнуваат.

    „Јас мислам дека лажичката и причеста не придонесуваат за ширење на коронавирус. Оној што се плаши од причеста нека не пристапи. Ништо друго не можеме да менуваме ние, не можеме да менуваме традиции од векови. Иконите препорачуваме да се чистат со дезинфекција, како се вика“, рече владиката Тимотеј.

    Црквата објави дека причеста, која се извршува со една иста лажичка за сите верници, ќе ја примаат денеска на Велики четврток, и во вторник на 19 април. Поради полицискиот час, литургиите на Велика сабота, в недела на Велигден и в понеделник литургиите ќе ги служат свештеници без верници во црквите. Црквата вели дека на Велики четврток и во вторник литургијата ќе се служи со ограничен број на верници без да прецизира колкав број, а останатите ќе можат да присуствуваат надвор од храмот заштитени со маски и ракавици и застанати на дефинираната раздалеченост едни од други.

    М. ИЛИОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира