Шестгодишно момче победи на конкурсот за дизајн на новиот дрес на италијанскиот фудбалски второлигаш Пескара.
Клубот го организираше конкурсот за своите најмлади фанови со цел да им го пополни времето додека се во карантин и на крајот, најмногу причини за радост имаше Луиџи Д‘Агостино, чиј дизајн ќе биде на дресовите за следната сезона. Дизајнот прикажува делфин, кој е маскота на клубот и виножито, кое стана симбол на борбата против коронавирусот.
„Натпреварувањето беше почнато како детска игра, но неговата популарност на социјалните мрежи се претвори во бизнис проект“, соопшти компанијата „Ереа“, која ќе ги изработи дресовите.