СЕ РУШАТ ОПОЖАРЕНИТЕ КУЌИ КАЈ ВАРНАЛИИТЕ ВО ВЕЛЕС КОИ БЕА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ОТИ СЕ ОПАСНОСТ ЗА МИНУВАЧИТЕ

    СЕ РУШАТ ОПОЖАРЕНИТЕ КУЌИ КАЈ ВАРНАЛИИТЕ ВО ВЕЛЕС КОИ БЕА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ОТИ СЕ ОПАСНОСТ ЗА МИНУВАЧИТЕКуќата на Паунови беше дел од старото градско јадро Варналиите (Фото: СДК.МК)

    Откако почнаа да паѓаат парчиња од куќата на Паунови, по реакција на соседите, локалната власт на Велес започна со отстранување на руините, кои беа опасност за минувачите. Десетина дена трае акцијата на градежниците. Локалната власт најави дека ќе се рушат двете куќи, освен на Паунови, и соседната на Маневи. Куќата на Паунови беше уништена во пожарот на 20 декември, додека на Маневи е уништена од водата со која се локализираше огнот, бидејќи двете се лепенки.

    „Почнавме со рушење на остатоците од куќите на улица Јован Наумов Алабакот број 10 и 12, што се опасни за минувачите. Безбедноста на граѓаните е на прво место“, изјави градоначалникот Аце Коцевски.

    Пред седум и пол години, во пожар изгоре куќата на Габерови (Фото: СДК.МК)

    Двете куќи беа заштитени со закон и се дел од старото градско јадро Варналиите, каде што пет куќи се прогласени за културно наследство.

    При пожарот изгоре и сопственикот на куќата Миле Паунов, додека од огнот, но и при интервенцијата на пожарникарите, сериозно беше оштетена соседната куќа на Маневи. Поради лошата состојба, и таа ќе биде срушена.

    Во извештајот на Националниот конзерваториски центар по извршениот увид на двете куќи е запишано „да се започне со процедура за изработка на идејно решение за делумна реконструкција на двете опожарени куќи“, бидејќи имало фото и архитектонска документација за нивниот надворешен изглед.

    Пред седум и пол години, во пожар изгоре куќата на Габерови, исто така заштитена како културно наследство, но досега ништо не е преземено за нејзина обнова.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира