ЗА ДА ДОБИЈАТ ПОМОШ ОД ДРЖАВАТА, ФИРМИТЕ СЕПАК НЕМА ДА СМЕАТ ДА ОТПУШТААТ РАБОТНИЦИ

    ЗА ДА ДОБИЈАТ ПОМОШ ОД ДРЖАВАТА, ФИРМИТЕ СЕПАК НЕМА ДА СМЕАТ ДА ОТПУШТААТ РАБОТНИЦИМинатата недела, министерката за финансии Нина Ангеловска кажа се олабавуваат условите за аплицирање, поврзани со задржување на бројот на вработени. (Фото: Влада)

    Владата пак се премисли и на денешната седница усвои уредба со законска сила според која фирмите кои ќе користат помош од државата за справување со последиците од здравствено-економската криза нема да смеат да отпуштаат работници два месеца по користењето на мерката.

    „Се утврдува дека работодавачот кој ќе користи мерка за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, не смее да го намали бројот на вработени во месец април 2020 година, како и два месеци после нејзиното престанување (заклучно со месец август 2020 година), освен во оправдани услови дефинирани во законот за работни односи, како пензионирање или откажување на договор од страна на работникот, но не повеќе од утврдениот процент“, се вели во владиното соопштение.

    Минатата недела, министерката за финансии Нина Ангеловска кажа се олабавуваат условите за аплицирање, поврзани со задржување на бројот на вработени. Како што најави тогаш таа, малите и микро претпријатија треба да задржат до минус 15 проценти од вработените, средните до минус 10 проценти и големите фирми до минус пет проценти од вработените. Првично, тие беа обврзани да го задржат истиот број на вработени до јули, односно два месеца по користење на мерката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира