СПОТОТ ЗА ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА ЧИНИ 300 ЕВРА, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ ЧУЛЕВ

    СПОТОТ ЗА ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА ЧИНИ 300 ЕВРА, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ ЧУЛЕВДополнителната заменичка министерка Славјанка Петровска го обвини министерот Наќе Чулев за неодговорно и несовесно раководење поради тоа што во услови на вонредна состојба и полициски час, од терен да повлекол полициски возила и полицајци за да снима спот. (Фото: МВР/принтскрин)

    Спотот снимен за 7 Мај – Денот на македонската полиција, во кој учествуваа 80-тина возила на МВР и стотина полицајци, чини 300 евра, кажа министерот за внатрешни работи Наќе Чулев по денешната свечена церемонија во полицискиот центар „Ѓорче Петров“.

    „Спотот не кошта драматична сума, со договор за дело е направен и од страна на МВР ќе бидат исплатени во денарска противвредност 300 евра, што е симболична сума во однос на она што е направено и ефектот кој што го има спотот во однос на моралот на полициските службеници, но и во однос на промовирањето на МВР“, изјави Чулев, одговарајќи на новинарско прашање по говорот.

    На церемонијата во Ѓорче Петров пред раководството на МВР, дел од вработените, семејствата на бранителите и претставници на дипломатскиот кор, покрај обраќањето на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, имаше и неколку показни вежби од страна на единиците на МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира