СО ПЛАСТИЧНА ЦЕВКА ТЕПАНИ РЕДАРИ НА ГРАД СКОПЈЕ ОД ГРАЃАНИ КОИ НЕЗАКОНСКИ ИСТУРАЛЕ ОТПАД ВО ВАРДАРИШТЕ

    СО ПЛАСТИЧНА ЦЕВКА ТЕПАНИ РЕДАРИ НА ГРАД СКОПЈЕ ОД ГРАЃАНИ КОИ НЕЗАКОНСКИ ИСТУРАЛЕ ОТПАД ВО ВАРДАРИШТЕСлучајот е пријавен во полиција, заедно со фотографии од возилото и лицата кои незаконски депонираа отпад. (Фото: Град Скопје)

    Двајца вработени во редарската служба на Град Скопје денеска беа нападнати од страна на лица кои со возило незаконски истураа отпад кај поранешната депонија Вардариште, соопштија од Град Скопје.

    „Денеска двајца вработени во редарската служба на Град Скопје беа нападнати додека ја извршуваа нивната службена должност. Нападот се случи кај Вардариште од страна на лица кои со возило незаконски истураа отпад“, велат од Град Скопје.

    Од Град Скопје велат дека едниот вработен се здоби со повреди поради што е хоспитализиран во Градската болница, а дополнително оштетено е и службеното возило со кое патролирале нападнатите редари. Повредениот редар бил тепан со пластична цевка, дознаваме неофицијално од извори од Град Скопје.

    Случајот е пријавен во полиција, заедно со фотографии од возилото и лицата кои незаконски депонираа отпад и го извршија физичкиот напад на службените лица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира