29 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ОД 349 ТЕСТИРАЊА

    29 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ОД 349 ТЕСТИРАЊАВо нашата земја вкупно ковид дијагностицирани се 1.723 лица, оздравени пациенти се 1.235, починати се 95, а активни случаи се 393.(Фото: К. Попов)

    Дваесет и девет нови случаи на КОВИД-19 се потврдени во изминатите 24 часа, од 349 тестирања, објави Министерството за здравство. Новите случаи се во : Скопје-9, Куманово-1, Прилеп-6, Тетово-5, Струга-2, Велес-2, Битола-2, Охрид-2. Досега во земјата се направени вкупно 20.088 тестирања на КОВИД-19.

    За денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти, и тоа по еден во Штип, Гостивар и во Кочани, и тројца во Велес.

    Во нашата земја вкупно ковид дијагностицирани се 1.723 лица,  оздравени пациенти се 1.235, починати се 95, а активни случаи се 393.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира