ПРЕД БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ ВО ОХРИД НЕ ОСТАНА НИЕДНА ЦЕЛА КЛУПА

    ПРЕД БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ ВО ОХРИД НЕ ОСТАНА НИЕДНА ЦЕЛА КЛУПАОд „Охридски комуналец” велат дека има премногу вандализам низ градот(Фото: СДК.МК)

    На само неколку метри од прочуените Билјанини извори во Охрид деновиве можат да се видат само оштетени клупи. Нема ниедна цела, бидејќи на сите има откорнати делови.

    Од „Охридски комуналец” велат дека не можат да стигнат секаде за да ги санираат последиците од вандализмот по парковите. За просторот кај Билјанини извори мошне брзо е предвидена санација на оштетените клупи.

    Охридските комуналци се жалат и на секојдневните кражби на цвеќиња од градскиот парк и од другите зелени површини.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира