Се што донесе надојдениот Вардар поради дождот, заглави кај првата галија од проектот Скопје 2014. Реката денеска личи на рециклажен двор за стара пластика. Шишиња и ќеси се таложат околу нискиот мост за влез во галијата „Ројал Македонија“. Тој служи како брана и постојано е затрупан со ѓубре и гранки, но од синоќа се околу галијата е шарено од ѓубре.
Собирачите на стара пластика се најревносни чистачи на реката. Тие влегуваат до појас во вода за да соберат шишиња, но утрово, кога ги направивме овие слики затаија.
Градските служби се презафатени, некои со прослави, а некои со поправки на канализации, па засега никој не го чисти ѓубрето од реката.