ВАУЧЕРИ ОД 3.000 ДО 30.000 ДЕНАРИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ, СТУДЕНТИ И МЛАДИ ДО 29 ГОДИНИ, НАЈАВИ МИНИСТЕРОТ АДЕМИ

    ВАУЧЕРИ ОД 3.000 ДО 30.000 ДЕНАРИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ, СТУДЕНТИ И МЛАДИ ДО 29 ГОДИНИ, НАЈАВИ МИНИСТЕРОТ АДЕМИСо ова одлука на Владата, рече Адеми, се опфатени околу 100 илјади корисници, а ќе се потрошат 12 милиони евра. (Фото: К. Попов)

    Владата одлучи да додели три типа на парична поддршка, ваучери за средношколци, студенти и за млади лица до 29 години, за да се подобри куповната моќ, најави на прес-конференција министерот за образование Арбер Адеми.

    Првиот тип е еднократна помош до 6 илјади денари за средношколци и студенти од семејства со ниски примиња, а кои ќе бидат исклучиво наменети за покривање на партипацијата на факултетите и студентските домови.

    Вториот тип е домашна платежна картичка со износ од 3 илјади денари, наменета за студентите за купување на домашни производи.

    Третиот тип на поддршка е до 30 илјади денари за млади до 29 години, за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за едукација на дигитални вештини.

    Со ова одлука на Владата, рече Адеми, се опфатени околу 100 илјади корисници, а ќе се потрошат 12 милиони евра.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира