ВО КАНАЛОТ СТУДЕНЧИШТА КАЈ ОХРИД ЗАКУПЕНИ СИТЕ МЕСТА ЗА ГЛИСЕРИ И ЈАХТИ ЗА ОВА ЛЕТО

    ВО КАНАЛОТ СТУДЕНЧИШТА КАЈ ОХРИД ЗАКУПЕНИ СИТЕ МЕСТА ЗА ГЛИСЕРИ И ЈАХТИ ЗА ОВА ЛЕТОЗа шестмесечно закотвување глисер поголем од шест метри се плаќа 9.000 денари, а за јахта 20.000 денари (Фото: СДК.МК)

    Осумдесет сопственици на глисери и јахти се пријавиле во ЈП „Билјанини извори” за да обезбедат место за закотвување на своите пловила во каналот Студенчишта во Охрид. Оттаму велат дека за летово нема веќе слободни везови.

    „Владее голем интерес за закотвување пловни објекти во каналот Студенчишта. Се пријавија 80 сопственици на глисери и јахти, потоа сопственици на 50 кајчиња и на 20 катамарани. На овој дел повеќе нема место за прифат на нови пловила. За шестмесечно закотвување на глисери поголеми од шест метри се плаќа 9.000 денари, а за јахти 20.000 денари. И годинава предност имаа оние кои минатото лето ги закотвуваа своите глисери и јахти на овој дел од брегот“, ни изјави директорката на „Билјанини извори”, Гордана Јованоска.

    Ова јавно претпријатие минатото лето го презеде делот на каналот каде што се закотвуваат скапи пловни објекти, но и кајчиња. Имаат обезбедено и постојана чуварска служба.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира