Се појавија понтони на просторот кај Студенчишкиот канал во Охрид наменет за сидрење на пловни објекти, кој на времено користење му е даден на ЈП „Билјанини извори”. Од ова јавно претпријатие велат дека не го знаат сопственикот, па затоа повикуваат тие веднаш да бидат отстранети.
„Поради тоа што немаме евиденција во чија сопственост се наоѓаат понтоните, јавно го повикуваме сопственикот/сопствениците да дојде/дојдат и да ги подигнат и дислоцираат понтоните. Доколку не го направат тоа во рок од четири дена, ЈП ‘Билјанини извори‘ ќе биде принудено да го стори тоа, за што дополнително ќе побара финансиско обесштетување од сопственикот/сопствениците на понтоните”, велат од ЈП „Билјанини извори”.
По преземањето на просторот наменет за сидрење на пловни возила, согласно одлука на Советот на Општина Охрид, ЈП „Билјанини извори” започна со акција за расчистување и уредување на овој простор.
Д. ЧУБРИЌ