Брачна двојка лекари во приватната болница Аџибадем Систина е позитивна на КОВИД-19, соопшти болницата. Според болницата, двајцата доктори биле изолирани на 2 јуни како суспектни на коронавирусот, а по направените ПЦР тестови, кај обајцата се потврди позитивен резултат.
„Според природата на работното место, едниот од нив немал никаков контакт со пациенти додека другиот имал минимален контакт со пациенти. Утврдени и контактирани се сите луѓе со кои овие лица биле во контакт и на истите веќе им е извршено тестирање и резултатите кај сите нив до сега се негативни“, соопшти болницата и додаде дека продолжува да работи со полн капацитет, „со преземање на сите максимални мерки за заштита на своите вработени и пациенти и по сите утврдени безбедносни протоколи, кои се усогласени со одлуките и мерките за заштита кои ги презема ‘Аџибадем’ од Турција“.
Лабораторијата на Аџибадем Систина е една од лиценцираните за тестирање на КОВИД-19.