Две недели од последниот случај, денеска во Битола е регистриран нов заболен од коронавирус. До вчера имаше само два активни случаи и битолчани се понадеваа дека за неколку дена ќе раскрстат со болеста.
Но, денес повторно се јави нов случај, со што вкупно 29 битолчани се заразени со КОВИД-19 од почетокот на епидемијата. Од нив 24 се оздравени, а имаше и двајца починати.
Ж. ЗДРАВКОВСКА