БРИТАНСКАТА КОМПАНИЈА „АСТРОЗЕНЕКА“ НАЈАВИ ДЕКА ЕСЕНВА ЌЕ ЈА СНАБДИ ЕВРОПА СО ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19

    БРИТАНСКАТА КОМПАНИЈА „АСТРОЗЕНЕКА“ НАЈАВИ ДЕКА ЕСЕНВА ЌЕ ЈА СНАБДИ ЕВРОПА СО ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19Договорот опфаќа 400 милиони дози од вакцината развиена од Универзитетот Оксфорд (Фото: АП)

    Британската фармацевтска компанија „АстроЗенека“ потпиша договор со Италија, Германија, Франција и Холандија за снабдување на Европа со вакцина против КОВИД-19, при што првите испораки се очекуваат на крајот на годината.

    Договорот опфаќа 400 милиони дози од вакцината развиена од Универзитетот Оксфорд, објави компанијата, додавајќи дека постои можност и за проширување на производството. Компанијата вети дека ќе ја обезбеди вакцината без остварување профит.

    „Додека нашиот европски ланец на снабдувачи се подготвува да почне со производството, ние се надеваме дека вакцината ќе биде достапна брзо и насекаде“, изјави извршниот шеф на „АстроЗенека“, Паскал Сорио.

    Пробниот период на вакцината е веќе во напредна фаза и италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца кажа дека таа може да се очекува на крајот на есен.

    На глобално ниво, „АстроЗенека“ постигна договори за производство на две милијарди дози од вакцината.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира