ЗИЈАХ СОКОЛОВИЌ Е НАЈДОБАР АКТЕР НА ФЕСТИВАЛОТ „РИСТО ШИШКОВ“

a:1:{s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗИЈАХ СОКОЛОВИЌ Е НАЈДОБАР АКТЕР НА ФЕСТИВАЛОТ „РИСТО ШИШКОВ“

    Босанскиот актер Зијах Соколовиќ, кој живее и работи во Австрија, ја освои наградата за најдобар актер на фестивалот „Ристо Шишков“, за улогата во претставата „Мечка“ по текст на Антон Чехов. Фестивалот заврши синоќа во Струмица, а според меѓународното жири, тој со адаптација на текстот на Чехов во придружба на џез трио на сцената успеал да пренесе многу енергија, емоции со инзворендни актерски гестекулации.

    Годинава на „Ристо Шишков“ за наградата за најдобро актерско остварување конкурираа 60-тина актери од 14 престави од цела Европа.

    „Велат дека актерот живее во минливоста, во која се собира целиот негов живот. Тоа што тука е направен фестивал во чест на еден актер е доказ дека неговата минливост е поетична или филозофска, но овој фестивал докажува дека актерската минливост сепак има свое траење, кое трае бесконечно, 24 години. Тоа е нешто навистина убаво. А тоа што може да му се случи на актерот е да понесе еден дел од минливоста на Ристо Шишков во сопствената минливост, и оваа награда нема крај, туку почеток на еден нов актерски живот“, рече Соколовиќ

    Златниот медалјон со ликот на Ристо Шишков на Соколовиќ му го врачи претседателот на Советот на Струмица Јосиф Христов, а во негова чест беше одиграна преставата на Слободан Унковски „Солун град на духови“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира