ЕПИДЕМИОЛОЗИТЕ ОД АРМ И ОФИЦИЈАЛНО ВЛЕГУВААТ ДА ПОМАГААТ ВО ЕПИДЕМИОЛОШКИТЕ АНКЕТИ ПОД ВОДСТВО НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

    ЕПИДЕМИОЛОЗИТЕ ОД АРМ И ОФИЦИЈАЛНО ВЛЕГУВААТ ДА ПОМАГААТ ВО ЕПИДЕМИОЛОШКИТЕ АНКЕТИ ПОД ВОДСТВО НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕЦелта, велат од Институтот, е луѓето во самоизолација кои се здрави, да излезат што побрзо, а не да чекаат над 14 дена „слободни“ епидемиолози да им го направат вториот тест, без кој не може да ја напуштат самоизолацијата

    Двајца епидемиолози од Воено-медицинскиот центар во АРМ, на барање на Центарот за јавно здравје, од утре се приклучуваат на тимот епидемиолози како засилување за спроведувањето на епидемиолошки анкети за откривање на можни заразени граѓани од вирусот ковид-19.

    Истовремено, истата работа тие ќе си ја вршат и во војската.

    Анкетите двајцата епидемиолози ќе ги вршат под водство на Институтот за јавно здравје, кој ги спроведува тестирањата.

    Лекарите од Воено-медицинскиот центар се вклучуваат поради зголемениот број на заразени лица, кои продуцираат повеќекратен број на лица кои мора да одат во самоизолација, зашто биле во некаков контакт со позитивни.

    Бидејќи на лицата во самоизолација им се прави прв, но зaдолжително мора и втор тест, а епидемиолозите не се доволни навреме да им го повторат тестирањето, се вклучува тимот од АРМ.

    Целта, велат од Институтот, е луѓето во самоизолација кои се здрави, да излезат што побрзо, а не да чекаат над 14 дена „слободни“ епидемиолози да им го направат вториот тест, без кој не може да ја напуштат самоизолацијата.

    Воено-медицинскиот центар обезбедува зачувување и унапредување на здравјето на припадниците на Армијата, а со тоа и високата борбена готовност на единиците, командите и установите на Армијата, а е и носител на реализацијата на мобилна полска болница за медицинска поддршка на војската.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира