ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПРЕДЛОЖИ КАЗНИ ОД ПО 2.000 ЕВРА ЗА 15-МИНАТА УЧЕСНИЦИ НА АНТИВАКСЕРСКИОТ ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДАТА

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПРЕДЛОЖИ КАЗНИ ОД ПО 2.000 ЕВРА ЗА 15-МИНАТА УЧЕСНИЦИ НА АНТИВАКСЕРСКИОТ ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДАТАНа 31 мај пред Владата се одржа протест под мотото „Стоп кршење права и слободи, стоп вакцини, стоп 5Г антени, стоп лажна пандемија“. - Јавно обвинителство (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство Скопје предложи 15 лица кои учествуваа на протестот против вакцини и 5Г пред Владата на 31 мај да бидат казнети со по 2.000 евра за кривичното дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

    „Обвинетите на 31 мај не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање и спречување на ширењето на заразната болест КОВИД-19. Имено, иако со одлука на Владата било забрането групирање на повеќе од 5 лица на јавни површини, тие се собрале на булеварот ‘Илинден’ во близина на зградата на Владата, каде учествувале на јавен собир под мотото ‘Стоп кршење права и слободи, стоп вакцини, стоп 5Г антени, стоп лажна пандемија’. Обвинетите биле затекнати од полициски службеници при извршена контрола на местото на настанот“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

    Оттаму додаваат дека надлежниот јавен обвинител предложи на секој од обвинетите да му биде изречена парична казна од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира