ФРАНЦУСКИОТ ПРЕМИЕР ФИЛИП ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

    ФРАНЦУСКИОТ ПРЕМИЕР ФИЛИП ПОДНЕСЕ ОСТАВКАЕдуар Филип важеше за попопуларен политичар од претседателот Макрон (Фото: Гети)

    Францускиот премиер Едуар Филип поднесе оставка по три години на функцијата.

    Иако важеше за попопуларен политичар од претседателот Макрон, Филип одлучи да се повлече по слабите резултати на владејачката партија на неодамнешните локални избори. Тој се сретнал со Макрон, при што се согласиле дека владата треба да поднесе оставка. Во интервју дадено во петокот, Макрон вети „нов пат“ за земјата.

    Во француската политика е вообичаено претседателот да го менува премиерот по петгодишен мандат.

    Иднината на Филип како премиер беше неизвесна веќе неколку недели, а тој во неделата беше избран за градоначалник на Л‘Авр.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира