ЗАКЛУЧИЛЕ ИТАЛИЈАНКА ВО СТАН ВО ОХРИД И СИ ЗАМИНАЛЕ, ПОБАРАН ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ

    ЗАКЛУЧИЛЕ ИТАЛИЈАНКА ВО СТАН ВО ОХРИД И СИ ЗАМИНАЛЕ, ПОБАРАН ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕЈавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид до Основниот суд Охрид достави Предлог за определување на мерката притвор за двајцата осомничени, поради постоење опасност од бегство и можност осомничените да го повторат кривичното дело. (архивска фотографија)

    Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против две лица, на возраст од 19 и 20 години, за кои постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело – Противправно лишување од слобода од член 140 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, соопштија од Основното јавно обвинителство во Охрид. Двајцата се осомничени се дека заклучиле Италијанка во стан и си заминале. Еден од нив се обидел да ја убеди Италијанката да склучат бра за да може и тој да замине во Италија, според соопштението.

    „Двајцата соизвршители, кривичното дело го сториле на 3 јули 2020 година, кога противправно ја лишиле од слобода и го ограничиле движењето на оштетената, државјанка на Република Италија. Првоосомничениот кој имал привремен престој во Италија, во државава пристигнал заедно со оштетената, со намера да ја убеди таа да склучи брак со второосомничениот, негов роднина од Скопје, за да може и тој да замине во Италија. Откако пристигнале, осомничените ја заклучиле оштетената во стан во Охрид и се оддалечиле во непознат правец. Настанот бил пријавен од Амбасадата на Република Италија, по што осомничените биле пронајдени и лишени од слобода“, се наведува во соопштението.

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид до Основниот суд Охрид достави Предлог за определување на мерката притвор за двајцата осомничени, поради постоење опасност од бегство и можност осомничените да го повторат кривичното дело. Судот го прифати предлогот и со Решение на двајцата осомничени им е определен притвор во траење од по 8 дена.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира