Светската здравствена организација призна дека има сѐ повеќе докази дека коронавирусот може да се пренесе и преку ситни честички кои лебдат во воздухот.
„Пренесувањето на коронавирусот преку воздух не треба да се исклучи во преполни, затворени и слабо проветрени простори“, изјавија од СЗО.
Повеќе од 200 научници во отворено писмо ја обвинија СЗО дека ја потценува можноста за пренесување на вирусот преку воздух. СЗО досега кажуваше дека коронавирусот се пренесува преку ситни капки што луѓето ги исфрлуваат при кашлање и кивање.
„Ова не е напад врз СЗО, туку научна дебата, но мислевме дека треба да излеземе во јавност зашто таа досега одбиваше да ги слушне доказите“, изјави Хосе Хименес, хемичар од Универзитетот Колорадо.
Од СЗО велат дека овие докази засега се прелиминарни и бараат дополнителна потврда.