TALK SHOW

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:78:"Бранкосепредомисли-сакадабидепремиер

    1 Од Кабинетот на премиерот велат дека нема да има реконструкција на Владата . Ама така си мисли Бучко. Тој не знае што мисли Бранко.
    Оти Бранко очигледно се предомислил. Лани не тераше да го гласаме за претседател, а сега пак сака да биде премиер.
    Бучко ги брка советниците, Бранко ги прибира. Ќе го реформира судството. Ене завчера беа собрани сите кадри на Циле и на Трифун. Талк схоу во Кабинетот на претседателот.
    Ај што ќе го реформира судството, туку Бранко е активен и на други полиња. Воведува веронаука, се крши со јајца, воведува визи, отвара детски села, отвара рудници, се гушка со деца…
    Уште во здравството се нема замешано. Освен што изјави дека не е болен.
    Бранко како претседател на државата и врховен командант треба да се занимава со надворешната политика и одбраната. А нема советник за надворешна политика и нема советник за национална одбрана. Бранко се меша во се, само не во своите работи.
    И така едно 15 години. И ние со него.

    2 Добро, ќе има ли визи за Косово, или ќе нема. Бучко и Бранко никако да се договорат. Си испраќаат пораки како да се лидери на две различни држави со добри дипломатски односи. Од едниот кабинет велат премиерот му порачува на претседателот, а од другиот кабинет известуваат дека претседателот и порачува на Владата.
    После и во двата кабинета се држат брифинзи дека претседателот и премиерот одлично функционираат.
    А бе тие приватно не се скарани.

    3 Лидерот на Сојузот на синдикатите Ванчо Муратовски за први мај не организираше протести против новиот закон за работничките права. Рече дека ќе штеди енергија за после празникот за организирање масовни протести.
    Додека неговите колеги, синдикалните лидери од светот протестираа за традиционалниот работнички ден. Ванчо кршеше јајца. Што мислите – колку енергија има во мимоза салата со жолта ракија. Што повеќе јајца – повеќе енергија за Ванчо.
    Синдикалниот лидер постојано најавува масовни протести преде големи настани. Имаше најавено протести, пред референдумот, пред избори… И таман кога ќе дојде време настан жестоко ги откажува.
    Ванчо цело време е на пикник. Собира енергија. Ќе му треба за в година. На есен се парламентарните избори. Му треба сила. Ќе трча од партија во партија да види со која власт ќе глуми синдикат идните четири години.

    4 За празниците еден 15 годишник од Сарај со пиштол убил две малку постари момчиња. Изгледа дека неговите дома ги преспале акциите за собирање на оружјето. Имаше две. Едната кога НАТО правеше жетва. И втора кога Г зим Острени ги наградуваше со коли тие што ќе го предадат оружјето.
    Во исто време друг малолетник во Чаир прегази трудница сосе ќеркичка и уште еден минувач на тротоар. Да не му била колата со која возел награда за вратено оружје.

    5 Завчера претпладне од Владата ни беше кажано дека министерот за економија Фатмир Бесими нема веќе да биде преговарач со УНМИК за слободната трговска зона со Косово. Не бил дораснат.
    Веќе попладнето Владата соопшти дека Бесими останува преговарач.
    Колку брзо денес растат децата.

    6 Паѓањето на авион во кој загина претседателот на државата Борис Трајковски заврши како ништо да не се случило.
    Случајот Раштански лозја падна на суд.
    Четирите случаи што Хаг ги врати во Македонија биле испратени бидејќи обвинителството на време на обезбедило доволно докази.
    Обвинителот не покренува обвинение за поранешниот министер Буџаку, оти немал докази.
    Што очекувал Прчевски кога бара докази. Да го викнат на примопредавање на парите? За него продажба на државен имот без пари не е сомнителна работа.
    Што чека Александар Прчевски за да си даде оставка?
    Докази!?
    За него барем има.

    7 Албанците од Македонија секогаш кога ќе го прекршат законот си организираат протести и прават блокади оти тоа било кршење на човековите права.
    И Македонците понекогаш не се будали. Ете, во Битола дуќанџиите не плаќале данок, го прекршиле законот, ама масовно си протестираа. И тие си бараат човекови права.
    Еднаш кога ќе зезнеш работа, зезнат си за стално. Па ај сега биди држава на цела територија.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира