МИРНО ЛЕТО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:56:"Несебањајте,камшикувајтесе!

    1 Шо бе, Бранко денес не му дал нова задача на Бучко. Не се состанал Кабинетот да смислат како луѓето да продолжат да се занимаваат со него.
    Што му текна за Тито на 60 годишнина од победата над фашизмот. Што не му текна пред 10 години кога се славеше 50-годишнина. Премиер беше. Не мораше никому да дава задачи. Сам ќе си го изградеше споменикот.
    Ама Бранко сега е претседател. Нема работа. А ние не смееме да престанеме да мислиме на него.
    Пак ќе правиме трибини, па ВМРО било против, па Албанците исто така, па СДСМ ќе дебатира за неосмнената улога на Маршалот, одново ќе го отвараме Голи Оток, па Срем, па Солун, па ќе се враќаме во 1948, па 1967, па 1974 година, па убаво се живеело, па се патувало, па сме биле Коминтерновска творба, па Тито не измислил, па сме задоцниле во Јајце…
    Како да немаме попаметна работа.
    Ете колку сме мрднале. Романија го имаше Чаушеску, па еве кај стигна. Бугарија си го имаше Тодор Живков, па еве како не престигна. За Полска, Чешка, Словачка, Унгарија ич муабет да не правиме.
    За сите нив во 1989 година падна Берлинскиот ѕид. Новите политичари ги однесоа своите народи во Европа. За нас Берлинскиот ѕид е уште повисок и понепробоен.
    И по Тито – Бранко.

    2 Министерката за правда Мери Младеновска рече дека двајца влегле во истражаниот затвор во Шутка и киднапирале притвореник.
    Секаде во светот од затвор се бега. Кај нас – се киднапира. Што, на тој му бил убаво во затвор па овие го киднапирале? Да не побарале и уцена од Мери за да и го вратат.
    Замислете познатиот филм “Бегство од Алкатраз” да се вика “Киднапирање од Алкатраз”?
    Двајцата влегле со пиштоли оти баш тој ден се отворил тендерот за набавка на врати за детекција на метал. Требало некој да припука за да се отвори тендерот.
    Чуварите на затворот ги претресле посетителите и ги пуштиле да влезат, оти не им нашле пиштоли.
    Ако се прашува јавниот обвинител Прчевски, и тука нема случај. Нема пиштоли – нема докази.

    3 Илинка Митрева им се пожалила на Македонците во Австралија дека минатиот месец само еденипол ден била во Македонија.
    Илинка не е од тука. Таа не е министер за дома. Таа е министер за надвор.
    Митрева стана светска жена откако дома се занимаваше со локални проблеми. Таа и колешката Рада беа во ударната екипа на Штабот на СДСМ за локалните избори.
    Илинка ги доби Сопиште, Босилово, Василево, Кривогаштани, Пласница…
    А ние добивме нови визи. И како што тргнала работата ќе го изгубиме името.

    4 На Скопскиот саем имаше презентација на албанската туристичка понуда. Саемот го поздрави министерот за економија Фатмир Бесими. И порача ова лето да се оди на одмор во Албанија.
    Камо среќа неговите да го послушаат. Да ги испратиме сите од ДУИ, ДПА, УЧК, КЗК и слични борци за човекови права на одмор на албанскиот брег. Да истераме барем едно мирно лето. Наместо во шума, нека одат на плажа.

    5 Шефот на Мисијата на ММФ Франек Розвадовски и министерот за финансии Никола Поповски се согласиле дека ќе мора да се стрпиме уште “одреден број години”.
    Поповски објаснува дека со ваква фискална и монетарна политика до 2007 година ќе имаме раст од 3 проценти, па во 2007 ќе се дигнел на 5 проценти и тој раст треба да се одржува до 2009 година и тоа ќе почне да се намалува невработеноста.
    Не умри магаре до зелена трева.
    А ние, да поживеевме малку…

    6 Царинските стапки на сексуалните реквизити увезени од Европска унија се пониски отколку царинските стапки на сапуните. За љубителите на садо-мазо игри, има дополнителен попуст. На камшиците со потекло од ЕУ не се плаќа царина.
    Сега Никола Поповски ќе има проблем со дупка во буџетот ако народот почне масовно да купува камшици. Оти, на патот кон ЕУ имате само еден избор: Не се бањајте. Камшикувајте се!

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира