ПРОМЕНЕТИ – НЕЦЕЛИВАНИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:64:"Прчевскинефаќабаби.Негинибрка

    1 Сите се вчудовидени како тоа албанското знаме ќе се вее во општините во кои Албанците се мнозинство.
    А што си мислевме ние?
    Нелегалниот Тетовски универзитет го плативме.
    Ниту еден од терористите од 2001 година не испративме во Хаг.
    Скопје стана двојазично.
    И сега знамето нема да се вее!? Ќе се вее и оро ќе играме. Шота.
    По 2001 година борбата воопшто и не беше дали ќе се вее албанското знаме. Борбата беше дали евентуално покрај албанското ќе го закачат и македонското. Оти Али Ахмети го вади на прес конференција само кога ќе му шепнат ако треба уште нешто да добие.

    2 Сложни попови и во петок мрсат.
    Пратениците не можат да постигнат консенуз за ништо. Ама за да си ги подигнат платите може. Оти им биле мали. И затоа биле подложни на мито и корупција.
    Што значи тоа. Дека до сега краделе, ама сега веќе нема? Или сега им расте процентот.
    Ако чесноста е правопропорционална со парите тоа значи дека богатите се чесни и не се корумпирани, а сиромашните се нечесни и подложни на корупција. Значи најкорумпирани во македонската држава се невработените. А нешто помалку корумпирани – пензионерите.
    Внимавајте. Кога ќе ги давате децата на чување кај бабите, дајте им и мито. Бабите спаѓаат во високоризична категорија на корумпирани граѓани.

    3 Прчевски нема да ги брка бабите. Тој не фаќа корумпирани граѓани.

    4 Директорите на државната агенција МИА, на Агенцијата за информирање и на Македонската радиотелевизија отишле во Кина. Пазете се. Оти сега ќе се вратат наоружани со искуства.
    Во Кина сигурно учеле за демократско информирање во услови на повеќепартизам. Можеби собрале искуства и за информирање за евроатлантски интеграции. Потпишале и договор за некаква соработка. Сигурно и се сликале на плоштадот Тиенанмен. За спомен на тенковите и убиените студенти.

    5 Од затворите бегаат затвореници оти нема пари за вработување на чувари.
    Министерот за штедење Никола Поповски сега ќе воведе мерки што ќе и ги предложи на колешката Мери Младеновска. Наместо да вработува луѓе, затворениците ќе си се чуваат сами себе. Кога можат бивши затвореници да бидат директори на затвори, зошто затворениците не би можеле да бидат чувари.
    Затворениците станаа директори по Рамковен договор. Новата реформа за штедење не е по рамковен. Таа е по ММФ.
    6 Како одат нашите на пат по светот? Илинка се спрема со куферите и им вика: “Јас тргам, а вие ако сте таму – добро, ако не сте, јавете ми да не се качувам во авион”. Така Илинка тргна за Украина, ама ја вратија од аеродром оти немало кој да ја прими.
    Отиде Бучко во Рим. Берлускони не го прими. Бил зафатен со други обврски.
    Домаќините имале други обврски. Едниот беше на фестивал, а другиот на фудба.
    Илинка и Бучко останаа променети – нецеливани.

    7 Министерот за екологија Зоран Шапуриќ на 5 јуни ќе го слави Светскиот ден на екологијата. Ќе се возат велосипеди низ Градскиот парк во Скопје.
    Зошто во паркот? Веројатно за да ги заштити возачите. Пешаците секој ден не можат да одат низ град. На денот на екологијата не ќе можат да одат ни во парк.

    8 Французите утре одат на референдумот за да го изгласаат Уставот на ЕУ. На Ширак му е тесно, па тој ги повикува граѓаните да гласаат за уставот.
    Имаат ли таму невладини организации што им викаат на граѓаните “Седете си дома”, како што ни велеа нам? Имаат ли тие некој свој Милчин да дава пари за плакати: “Европа сега!”. Или, итно да им ја испратиме Савче од Жените да им направи спонтана забава пред Триумфалната капија.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира