БИТОЛЧАНЕЦОТ ТРПЧЕВСКИ Е ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ГИНЕКОЛОГ КОЈ РАБОТИ РОБОТСКА ХИРУРГИЈА, ДОСЕГА ИЗВЕЛ 50 РОБОТСКИ ОПЕРАЦИИ ВО АВСТРИЈА

    БИТОЛЧАНЕЦОТ ТРПЧЕВСКИ Е ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ГИНЕКОЛОГ КОЈ РАБОТИ РОБОТСКА ХИРУРГИЈА, ДОСЕГА ИЗВЕЛ 50 РОБОТСКИ ОПЕРАЦИИ ВО АВСТРИЈАДоктор Трпчевски е дел од онколошкиот тим во најголемата болница во градот Велс, четврта по големина во Австрија. (Фото: Приватна архива )

    Доктор Синиша Трпчевски од приватната гинеколошко-акушерска болница „Плодност“ во Битола е првиот македонски гинеколог кој работи роботска хирургија. Тој го доби сертификатот за завршена и положена специјализација по гинекологија и акушерство во Виена, Австрија. За време на неговото петгодишно искуство во рамките на специјалистичкиот стаж, направи многубројни лапароскопски операции и класични операции на карциноми на гениталните органи и над 50 роботски операции.

    Доктор Трпчевски е дел од онколошкиот тим во најголемата болница во градот Велс, четврта по големина во Австрија. Поради фреквентноста на породувањата во болницата, околу 3.500 породувања на годишно ниво, тој се стекна со големо искуство во оваа област, а во болницата „Плодност“ има направено неколку лапароскопски операции со вадење на лимфни жлезди. Во моментов е ангажиран во одделот за роботска хирургија, каде што досега направил над 50 роботски операции.

    „Во Австрија сакам да останам уште најмалку пет години, за да го усовршам занаетот, а потоа ќе се вратам во битолската болница  со цел да воведеме некои оперативни методи, кои не се работат во Македонија. Во меѓувреме, јас почесто ќе доаѓам во земјава за одредени потешки операции. Ако се создадат услови, и во ‘Плодност’ ќе проработи робот, операциите ќе можам да ги извршувам со телемедицина, тоа е концептот на современата медицина“, рече доктор Трпчевски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира