ЛУТИ НА ДИК ШТО ИМ ГИ ОДБИ СИТЕ ПРИГОВОРИ, ПРАТЕНИЦИТЕ НА ЛЕВИЦА НЕ ДОЈДОА ДА СИ ГИ ЗЕМАТ УВЕРЕНИЈАТА

    ЛУТИ НА ДИК ШТО ИМ ГИ ОДБИ СИТЕ ПРИГОВОРИ, ПРАТЕНИЦИТЕ НА ЛЕВИЦА НЕ ДОЈДОА ДА СИ ГИ ЗЕМАТ УВЕРЕНИЈАТААко не дојдат подоцна, ние ќе најдеме начин уверенијата на двата пратеника од Левица да им ги доставиме по пошта или со курир, ни рекоа од ДИК. - Од врачувањето на уверенијата на новите пратеници (Фото: К. Попов)

    Откако ги соопшти Државната изборна комисија конечните резултати и освоени мандати на предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули, на денешната седница во тек е врачувањето на уверенијата на пратениците.

    Меѓу присутните ги нема двата пратеника од партијата Левица.

    „Лути и навредени што ДИК ги одби сите приговори на Левица, двата пратеника денеска не дојдоа. Ако не дојдат подоцна, кога ќе бидат изгаснати телевизиските камери, ние ќе најдеме начин уверенијата да им ги доставиме, по пошта или со курир“, ни рекоа од ДИК.

    Ниту 12-темина пратеници од Алијанса за Албанците и од Алтернатива не сакале пред камери да ги примаат уверенијата и да се потпишуваат јавно.

    Според конечните официјални резултати, на овие избори СДСМ и коалицијата „Можеме“ освои 46, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 44 пратенички мандати, ДУИ 15, Алијанса 12, Левица 2 и ДПА 1 мандат.

    Од понеделник тече рокот од 20 дена за свикување конститутивна седница на Собранието. Претседателот Талат Џафери е примен на Инфективната клиника со знаци на пневмонија. Уште најмалку двајца од новите пратеници имаат коронавирус.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира