Алан Паркер, прославениот британски режисер на филмови како „Полноќен експрес“ и „Евита“, почина на 76 години по долго боледување.
Роден во 1944 во Лондон, Паркер направил пробив во Холивуд со својот прв филм „Багзи Малоун“ од 1976, за две години подоцна да го сними своето најпознато дело „Полноќен експрес“. Биографската драма за американски студент кој е фатен со дрога во Турција освои два оскара од шесте номинации, вклучувајќи и за Паркер. Тој ја доби втората номинација во 1989 година како режисер на „Мисисипи во пламен“.
Неговиот последен филм беше „Животот на Дејвид Гејл“ од 2003 година.