Научници од Сингапур создадоа „електронска кожа“ која има способност да создаде чувство за допир, иновација за која се надеваат дека на луѓето со протетски помагала ќе им овозможи да препознаваат предмети, како и можност да почувствуваат материјал, па дури и температура и болка. Уредот е наречен Еј-Си-И-Ес, а е направен од 100 мали сензори и има големина од еден квадратен сантиметар.
Научниците од Националниот универзитет во Сингапур изјавија дека уредот може да процесира информации побрзо отколку човечкиот нервен систем, и може да препознае 20 до 30 различни состави. Може да ја чита и Брајовата азбука со над 90 отсто точност.
„Кога луѓето ќе го изгубат чувството на допир, на некој начин се вкочануваат, а со тој проблем се соочуваат луѓето кои имаат протетски помагала. Со повторно создавање на вештачка верзија на кожата, за нивното протетско помагало, тие може да ја почувствуваат топлината и мекоста на дланката со која се поздравуваат“, изјави шефот на истражувачкиот тим, Бенџамин Ти.
Ти кажа дека за концептот се инспирирале од сцена од „Војна на ѕвездите“ во која Лук Скајвокер ја губи неговата десна рака и ја заменува со роботска, и повторно има можност да допира. Оваа технологија, вели тој, сѐ уште е во развојна фаза, но за неа има „неверојатен интерес особено од медицинската фела“.