НОРМАЛНО ДЕКА ЌЕ ГО СРУШИМЕ ОБЈЕКТОТ КАЈ „МАВРОВКА“, ШТОМ ИЗБЕРЕМЕ ФИРМА ЗА УРИВАЊЕ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАИР ГАНИУ

    НОРМАЛНО ДЕКА ЌЕ ГО СРУШИМЕ ОБЈЕКТОТ КАЈ „МАВРОВКА“, ШТОМ ИЗБЕРЕМЕ ФИРМА ЗА УРИВАЊЕ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАИР ГАНИУКој ја гради дивоградбата кај „Мавровка“ сѐ уште не се знае зошто кога општинските инспектори излегле на терен имало само мајстори и никој не кажувал кој е инвеститор. (Фото: СДК.МК)

    Објектот пред ТЦ „Мавровка“ ќе биде урнат веднаш штом заврши тендерот за избор на фирма за отстранување на дивоградби, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу.

    Општина Чаир на 27 јули распиша тендер за уривање на бесправно изградени објекти откако дивоградбата кај „Мавровска“ го доби првиот кат, а на терен излезе и полицијата и Државниот инспекторат. Според огласот објавен на страната на Бирото за јавни набавки, понудите треба да се достават до 5 август односно до среда кога ќе биде и отворањето на понудите. Тоа значи дека до средината на месецов, имајќи ги предвид роковите за жалби, ќе биде избрана фирмата.

    „Нормално дека ќе го урнеме објектот. Рокот од 8 работни дена што го дадовме на тој што гради да го отстрани објектот, истекува денес. Доколку никој не го отстрани објектот до крајот на денот, Општината тоа ќе го стори веднаш штом заврши тендерот, кој го објавивме веднаш за да можеме да реагираме за настаната ситуација“, вели Ганиу.

    Кој ја гради дивоградбата кај „Мавровка“ сѐ уште не се знае. Градоначалникот Ганиу на прес-конференција на 23 јули кажа дека Општината донела решение за уривање на објектот бидејќи инспекторите општинските инспектори констатирале дека се гради без дозвола, но на градилиштето имало само работници и никој не презел одговорност дека е инвеститор. Затоа Општината решението за уривање до непознат сторител го објави во Службен весник.

    Дивоградбата пред „Мавровска“ се гради на местото на кафулето „Фонтана“ кое изгоре во пожар пред два месеци.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира