ЗАБОРАВЕНА СТВАРНОСТ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:123:"НовидетализаистрагатавоИзраелиизвештајзаздравјетонаЕлцин

    1. Да не имаше случајно некаков атентат во државава минатиот месец? Ми се чини дека во центарот на Скопје пукна автомобил-бомба!? Или, можеби се лажам? Сигурно сум измешал нешто со Израел. Таму имаше некое пукање.
    Вистина е. Еве пред некој ден се јави Кабинетот на претседателот на Републи­ката и ни кажа дека претседателот Глигоров заздравува од повредите здобиени во атентатот на 3 октомври. Значи, дилемата е решена – имало атентат и некој са­кал да го убие шефот на државата.
    Тоа што сум се збунил со Израел е моја вина, затоа што многу гледам вести. Таму постојано ни кажуваат дека некого уапсиле, дека пронашле организирана група што работела на убиството на нивниот премиер, дека паѓаат оставки и се прават промени во делот што се грижел за безбедноста на Рабин. За конфузијата дел од вината сноси и самиот Глигоров. Бидејќи по убиството на Рабин испрати писмо  во кое вели дека е “шокиран од терористичкиот чин”. – Како можеше тоа да му се случи токму на Рабин, токму во Израел, токму на Блискиот Исток!? Сиро­машките Израелци, не знаат што лошо може да им донесе новиот ден. Кај нас на Балканот е многу поинаку. Денес се случува, утре веќе забораваме што се случило.
    Впрочем, зошто би имало потреба јавноста да се оптоварува со такви неважни детали како што е, на пример, одговорот на прашањето: Кој сакаше да го убие претседателот на државата? Полицијата сé уште е во дилема дали убиецот што среде судница во Виница застрела тројца  сé уште е во државата или избегал надвор, па нема друга работа ќе се замајува со јавноста, ќе ѝ продава висока по­ли­ти­ка и разно-разни меѓународни заговори што глупавиот народ не може да ги сфати. Особено што барем во случајот со Виница знаат кого бараат, а во случајот со атентатот – не! Еве, слушам дека и во случајот со семејството Мудино­ви истрагата тргнала од мртва точка. После две години, откриени се три траги до можниот убиец.

    2. Не знам само што ѝ требаше на Владата и на Кабинетот на претседателот да нé заморуваат со оние извештаи за здравствената состојба на Глигоров. Убаво си бевме заборавиле што ни се случи на 3 октомври. Воопшто не ни почувству­вавме празнина затоа што нема детали за истрагата и затоа што Глигоров го нема во јавноста. Секој ден имавме нови детали за истрагата – во Израел. Секој ден имавме извештај за здравствената состојба на – Елцин.
    Овие од власта многу се лутат кога новинарите прават споредби на атентатите врз Глигоров и Рабин. Целосно се во право. Двата атентата се сосема различни. Прво, за среќа, атентатот врз Глигоров беше неуспешен. И второ, таму полицијата го фати убиецот, а кај нас – не.
    Не ми е јасно, како мисли претседателот Глигоров да се врати на работа, во ситуација кога уште не е откриено кој сакаше да го убие. Едноставно, не знае од кого да се чува. Или и за ова прашање треба да се молчи? Во интерес на истрагата.

    3. Ја потпишавме Иницијативата “Партнерство за мир”. Сега НАТО може да здивне. И така имаат проблеми со изборот на генерален секретар.
    Кога НАТО би решил, по некоја луда случајност, да избира генерален секретар од Македонија, проблемите не би се појавиле на релацијата САД – европски сојузници, туку внатре, кај нас. Не би можеле да се решиме меѓу Стево Црвенковски и Благој Ханџиски. Истиот проблем го имаше премиерот Бранко Црвенковски кога заминуваше на пат за Брисел да го потпише “Партнерството…” Кого да води со себе, дали министерот за надворешни работи, дали министерот за одбрана и накрај – двајцата влегоа во авионот. Додуша, на аеродромот дојде да го испрати речиси цела Влада, па имаше шанси, поздравувајќи се со премиерот, уште некој министер да се прошверцува во авионот за Брисел, ама кога се работи за местото генерален секретар на НАТО, другите немаат шанси. Во игра се или Стево Црвенковски или Благој Ханџиски.
    Не дај боже да се случи тоа. Кај нас место изразот “Партнерство за мир” досега го употребувавме изразот “Сојуз за Македонија”. Понекогаш злобните го нарекуваа и “Партнерство за власт”, ама факт е дека беше создаден за мир во ку­ќата. И замислете сега НАТО да нé стави во ситуација да избираме меѓу Црвенковски и Ханџиски, како што  мораше да избира премиерот кого да качи на авионот за Брисел. Едниот либерал, другиот социјалдемократ, а и двајцата со брада. Глигоров сé уште не се вратил да пресече. Социјалистите ќе напишат соопштение зошто и нивен кандидат не е земен предвид, кога и тие се рамноправни во “Сојузот …” Недостига уште некој од партнерите за мир во куќа од ПДП кој ќе го свитка листот и ќе напише писмо до НАТО дека ФИРОМ не ги исполнува стандардите за Северноатлантскиот пакт затоа што на тетовскиот универзитет сé уште нема катедра по ОНО и ОСЗ… И, отиде партнерството за мир.

    4. Може министерот Ханџиски колку сака да се облекува во маскирни унифор­ми и да вежба десант на Куманово со двата хеликоптера, кога спортистите пропис­но го исфрустрираа, вршејќи вистинска инвазија на Шпанија со два големи авиона. Додуша, тоа што авионите беа од руско производство допрва ќе биде тема на расправа, сега кога се здруживме со западната алијанса, ама фактот дека дури и со руска технологија извршивме инвазија на 250 луѓе на шпанскиот брег е факт што треба да се почитува. Ако ништо друго, ги зашеметивме Шпанците, па не знаеја кое знаме ни е важечко, па едниот пренос на фудбалскиот натпревар го вршеа со старото, а другиот со новото знаме.
    И овој пат настапивме така како што ни доликува. Одвоено. Ѕинго, заедно со репрезентацијата и со Фудбалскиот сојуз, во Шпанија патуваше со “Авио­импекс”. Васил Тупурковски со останатите “МОК-овци” и разни љубители на спортот со “Палер Македонија”.
    Како тргнала работата, ќе дојде ден кога ќе се бара авион повеќе.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира