Српското Обвинителство за организиран криминал објави дека се приведени шест лица под сомнение дека фалсификувале лични документи и продавале лажни ПЦР тестови за ковид-19.
Како што соопшти Обвинителството, оваа криминална група оперирала во Србија од јануари годинава и во меѓувреме продала десетици лажни ПЦР тестови. За изработка на фалсификувани документи таа наплатувала меѓу 100 и 800 евра.
„Се прават претреси на повеќе локации, по што осомничената криминална група ќе биде приведена заради сослушување“, соопшти Обвинителството за организиран криминал.