СКОПСКИОТ ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ИМА ЗЕМЕНО 395 БРИСЕВИ ИЗМИНАТИВЕ ТРИ ДЕНА

    СКОПСКИОТ ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ИМА ЗЕМЕНО 395 БРИСЕВИ ИЗМИНАТИВЕ ТРИ ДЕНАПунктот за земање брисеви за тестови за коронавирус во поликлиниката „Идадија“ во Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Последните три дена Центар за јавно здравје Скопје има земено 395 брисеви за тестови за коронавирус, а за месец август таа бројка е 4.675, велат од Центарот. Во претходните два месеца, јули и јуни, од страна на вработени во ЦЗЈ Скопје, земени се 7.629, односно 5.935 брисеви.

    Брисевите што ги земаат вработените и епидемиолозите од ЦЗЈ Скопје главно се испраќаат на тестирање во Институтот за јавно здравје, МАНУ и на Инфективната клиника, а во мал обем се прават тестирања и во самиот центар. До пред една недела капацитетот за тестирање на ЦЗЈ Скопје беше 30, а сега имаат капацитет за околу 100 тестови дневно.

    Освен земање брисеви на четири пункта во скопските поликлиники, вработените во ЦЗЈ Скопје постојано се на терен, бидејќи земаат и брисеви за контролни тестови во домовите на граѓаните кои се во изолација, во домовите за стари лица и во некои болници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира