НАЈГОЛЕМИОТ БОРДЕЛ ВО ЕВРОПА ПРОГЛАСИ БАНКРОТ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

    НАЈГОЛЕМИОТ БОРДЕЛ ВО ЕВРОПА ПРОГЛАСИ БАНКРОТ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТОколу 120 проститутки вообичаено работеа во 12-катниот бордел „Паша“ во Келн (Фото: Гети)

    Најголемиот бордел во Европа банкротираше откако беше тешко погоден од коронамерките во Германија. Дванаесеткатниот бордел „Паша“ е едно од обележјата на Келн.

    „Дојдовме до крајот“, призна директорот Армин Лобшајд.

    Проституцијата не е дозволена во сојузната држава Северна Рајна-Вестфалија од почетокот на епидемијата.

    Околу 120 проститутки вообичаено работеа во „Паша“, а тој вработува и 60-ина други луѓе, како готвачи и фризери. Лобшајд вели дека властите цело време го држеле во неизвесност дали ќе може да продолжат со работа.

    „На секои две недели ни кажуваа дека не можеме да отвориме. Така не можевме ништо да планираме. Банкрот можевме да избегнеме само со помош на банките и тоа доколку ни беше ветено дека ќе почнеме со работа до крајот на годината“, кажа тој.

    Борделот беше отворен во 1972 година и дневно опслужувал и до 1.000 клиенти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира